Селена Гомез со подарок од 30.000 долари за роденденот на The Weeknd!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 20:03

Во понеделникот, пејачот Абел Тесфај, подобро познат како The Weeknd, го прослави својот 27-ми роденден.

По тој повод The Weeknd ги собра своите пријатели во неговото омилено место во Холивуд - "Dave & Buster's". На листата имаше ѕвезди како Френч Монтана, Биг Шон, Тревис Скот и многу други, но некој недостасуваше.

Погодувате, недостасуваше токму новата девојка на The Weeknd, Селена Гомез. Не се тревожете, не се работи за нова драма - Селена едноставно беше на другиот крај на државата, каде присуствуваше на Њујоршката Модна Недела.

Сепак, таа му подари на The Weeknd нешто што не го очекуваше, а вреди неверојатни 30.000 долари! Имено, Селена на The Weeknd му ја плати сметката во ресторанот која ја направи тој заедно со своите пријатели.

Си имаат, си можат. :)