Селена Гомез ја објави новата песната "Only you"

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 31.03.2017 - 13:15

Денес на Netflix ќе бидат објавени сите 13 епизоди кои ја составуваат првата сезона на серијата "13 reasons why", по истоимениот роман на Jaya Ashera од 2007 година.

Оваа необична приказна е за 13 касети кои Хана Бакер ги пратила на своите колеги од средно школо непосредно пред да изврши самоубиство.

Soundtrack на оваа тинејџерска драма ја составуваат нормално 13 песни, а една од нив ја изведува Селена Гомез. Станува збор за песната Only you (1982), која оригиналната верзија е во изведба на дуото Yazoo.