Селена и Џастин со бакнеж потврдија дека се заедно

Селена и Џастин со бакнеж потврдија дека се заедно

Иако веќе со недели е јасно како ден дека Селена Гомез и Џастин Бибер се заедно, двајцата не сакаат да го потврдат тоа.

Во среда Селена дојде на хокејскиот натпревар на Џастин, а по играта сочно го бакна во уста и со тоа директно пред камерите потврди дека се повеќе од пријатели.

Пејачот и пејачката се повторно заедно откако таа ја прекина својата врска со пејачот The Weekend и од тогаш не се разделуваат еден од друг.

Едноставно уживаат во дружењето. Учеа на своите грешки од минатото и сега не се под притисок. Работите се поинакви и позрели се од минатиот пат – изјави пријател на Џастин.