Сексот и градот 3 ќе биде снимен без Саманта!

Сексот и градот 3 ќе биде снимен без Саманта!

И покрај тажната вест која ја соопшти Сара Џесика Паркер дека нема да има трето продолжение на Сексот и градот, се испостави дека сепак истото ќе биде снимено, но без Саманта Џоунс во него.

Проблемите настанаa со поставувањето на услови од страна на Ким Катрал. Сара одлучила дека ликот на Саманта Џоунс и не е неопходен за третото продолжение на популарниот филм, кој претставува продолжение на истоимената серија.

Ликот на Саманта Џоунс имаше здравствени проблеми во текот на серијата, па лесно би можел да се отстрани од понатамошните делови. Ако дојде до тоа, реализацијата на филмот би можела да започне наскоро, изјави извор близок до актерите

Сценариото е веќе напишано, но изменето од страна на Сара Џесика Паркер која одлучила да и врати на провокациите и условувањето на Ким.

Ким Катрал го демантираше обвинувањето дека го условувала филмското студио изјавувајќи дека всушност не сака повеќе да глуми во продолжението.