Секс кукли кои се морничаво блиску до реалноста!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 23.11.2016 - 19:08

Ако немате многу среќа во љубовниот живот, тогаш не морате да се грижите - можеби ќе ви оди подобро со роботите, а наскоро тие ќе бидат толку реалистични, што едвај ќе ја забележите разликата.

Станува збор за куклите со вибрирачка вагина, кои нудат решение за сите несреќни мажи. Компанијата "RealDoll" работи на производство на секси силиконски кукли кои за некоја година би можеле да излезат на пазарот.

Куклите ќе имаат подесувачка големина на градите, вибрирачка вагина, топла "кожа", а и ќе можат да разговараат со клиентот и да му зборуваат "валкани работи".

Директорот на компанијата, Мет Мекмулен, е убеден дека куклите ќе им помогнат на неискусните мажи да научат да бидат вешти љубовници. Покрај тоа, тие ќе ја исполнат секоја секс фантазија на својот сопственик и ќе му овозможат без предрасуди да уживаат во најбизарните фетиши.

"Одиш во теретана за да станеш посилен. Исто така, сексот со куклата ќе им овозможи на мажите да научат нови техники и пози, да се ослободат од сите стравови и да станат вистински пастуви", вели Мекмулен.

"Нема шанси да ве излажат. Мислам дека на мажите тоа ќе им биде особено привлечно. Ќе бидат потполно сигурни во врската и нема да мораат да стравуваат дека ќе бидат заменети со некој друг. Ова е вистинско решение за сите оние кои не сакаат да се изложуваат на ризикот да им биде скршено срцето", додава тој.

Мекмулен е убеден дека неговите кукли покрај сексуалната, ќе можат да развијат и емоционална и интелектуална поврзаност со својот сопственик.