Се журка како тинејџерка[21.02.2012 - 15:14 часот]
|
Покрај 18 години помладото момче, танчерот Каспер Смарт (24), Џенифер Лопез навистина се препороди, а во последно време тешко може да се наиде на слика на која не е насмеана.
За празникот на вљубените, парот уживаше во Санта Барбара. Џенифер Лопез (42) беше фотографирана како со широка насмевка на лицето лежи на Каспер додека тој се лула на лулашка.
Се однесуваа како двајца тинејџери кои се прв пат заљубени.

Големата разлика во годините помеѓу нив воопшто не се забележа, бидејќи и двајцата се однесуваат подеднакво детинесто.
Откако се науживаа на лулашката, заминаа на прошетка покрај океанот. Романтичното излегување го заокружија така што во песокот на плажата нацртаа срце во кое напшишаа "Џенифер + Каспер".
Својата љубовна идила ја продолжија со патувањето во Бразил. Во неделата присуствуваа на карневалот во Рио, каде заминаа заедно со Бени Медина, менаџерот на Џенифер.
Парот беше воодушевен од поворката, а Џеј Ло беше особено добро расположена и цело време ги поздравуваше фановите кои ја препознаа.



| [назад] |















