Се вери ѕвездата од серијата “Игра на Тронови”

Се вери ѕвездата од серијата “Игра на Тронови”

Британската глумица и ѕвезда од серијата “Игра на Тронови”, Софи Тарнер, и американскиот пејач Џо Џонас ги израдуваа фановите со веста за нивната веридба кои се заедно од 2016 година.

Нивната врска ја чувале во тајност и ретко се појавувале заедно, па многумина се изненадени тоа што парот ја објавил веста за веридбата по пат на Инстаграм.

Софи и Џо обајвија фотографија од вереничкиот прстен под која пишувало: “Реков да”.

Многубројни славни парови им ја честитале веридбата на идниот брачен пар, меѓу кои биле и нивните фанови на Џо Џонас и Софи Тарнер. Џо Џонас е поранешен член на групата “The Jonas Brothers”, а сега е дел од бендот “DNCE”. Софи Тарнер се прослави најмногу со улогата во серијата “Игра на Тронови”.