Се' што не сте знаеле за спотот на "Freedom" од Џорџ Мајкл

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 26.12.2016 - 22:31

Синоќа, една од најголемите музички легенди Џорџ Мајкл почина на 53-годишна возраст. Во негова чест социјалните медиуми се преплавени со неговите легендарни музички спотови.

Секако, најпознат од нив е спотот за песната "Freedom", која навистина ја исполни својата мисија и стана една од најпознатите химни на многу генерации.

Спотот кој своевремено беше мегахит успеа да ги собере на едно место најпознатите супермодели од 90-те на едно место, беше остварување на секоја машка фантазија - Линда Еванџелиста, Наоми Кемпбел, Кристи Тарлингтон, Синди Крафорд и Татјана Патиц на едно место!

Идејата за снимање на ова видео дошла откако Џорџ Мајкл ја видел насловната страна на британскиот Вог, каде истите супермодели позирале заедно, а фотографијата била на легендарниот фотограф Питер Линдберг. Мајкл се изјаснил дека ги сака истите супермодели во полн состав, без исклучок, во неговиот спот.

Доколку не сте знаеле, режисер на видеозаписот за "Freedom" е легендарниот режисер Дејвид Финчер, кој тогаш не бил многу познат. Паралелно со снимањето на спотот за "Freedom", Финчер работел и на својот филм "Alien 3", а токму тоа е филмот кој на овој режисер му донесе светска слава.

Линда Еванџелиста, која претходно била бринета, ги изненадила сите кога на денот на снимањето се појавила со светло русо обоена коса, но реакциите биле повеќе од позитивни. Од друга страна, и самите манекенки биле изненадени кога само неколку дена пред почетокот на снимањето го добиле текстот на "Freedom", кој морале да го научат наизуст. Во еден дел од спотот прикажани се само очите на Кристи Тарлингтон, бидејќи во сцената таа го заборавила текстот. :)

Спотот се снимал доцна навечер, а според раскажувањата на тие што работеле на овој проект, имало навистина забавна атмосфера. Верувале или не, денес "опасната" Наоми Кемпбел тогаш била најсрамежлива од сите, бидејќи била најмлада. Сепак, присутните потврдуваат дека таа одлично и професионално си ја одработела својата работа.

Синди Крафорд не се бањала навистина во када, туку тоа било симулирано со кружни огледала и со машина за дим. За да се постигне таканаречениот "мокар изглед", на косата на Крафорд продуцентите ставиле бебешко масло, бидејќи единствено тоа било достапно.

Погледнете како денес изгледаат најславните супермодели на сите времиња:

Синди Крафорд - 50 години

Наоми Кемпбел - 46 години

Линда Еванџелиста - 51 година

Кристи Тарлингтон - 47 години

Татјана Патиц - 50 години