Саша Ковачевиќ доживеа сообраќајна несреќа

Саша Ковачевиќ доживеа сообраќајна несреќа

Саша Ковачевиќ доживеа сообраќајна несреќа во Белград, додека беше позади воланот на неговото Порше, но неговите фанови немаат причина за паника.

Пејачот само го оштетил својот скап автомобил, кој го купи минатата година, па помина без други последици.

Саша беше видно вознемирен поради гребнатинките на луксузниот автомобил, но во помош му дојде пријател а автомобилот заврши на поправка.