Samsung работи на Galaxy S9

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 25.04.2017 - 17:07

Samsung Galaxy S8 i S8+ само што се појавија на пазарот, а компанијата веќе е во подготовки на Galaxy S9.

Samsung и Qualcomm започнаа со подготовка на новите чипови кои ќе се користат за Galaxy S9 кој е планиран за следната година. Новиот чип кој ќе го замени Snapdragon 835 че биде наречен Snapdragon 845.

Се очекува новиот чип да биде базиран на 10-нанометарски прозиводен процес на Snapdragon 835 и да овозможи подобри перформанси и ефикасно искористувње на енергијата.