Samsung плаќа 11.6 милиони долари оштета на Huawei

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 08.04.2017 - 11:07

После губењето на спорот со Apple за копирање од iPhone, ќе помислите дека нема да ја повтори истата грешка, но сепак Кинескиот суд нареди на Јужнокорејската компанија Samsung  да плати околу 11.6 милиони долари на Huawei поради непочитување на патентираните права.

Ова е прва победа за Huawei над Samsung, , која се однесува на неколку тужби против Samsung за копирање на технологија на смарт телефони во сопственост на таа компанија.

Во едната тужба против Samsung се тражела надокнада за недозволено користење на четвртата генерација (4G) комуникациска технологија, оперативен систем и софтвер кориснички интерфејс во Samsung телефоните. Huawei тврди дека во повеќе од 20 модели на Galaxy паметни телефони и таблети е ископиран нивниот патент, вклучувајќи го и Galaxy S7.

Таа сума на пари нема многу да го оштети Samsung, но ќе остави негативни последници после неуспехот со Galaxy Note 7. Сепак постои шанса Galaxy S8 да биде најдобар паметен телефон во 2017 година, што ќе допринесе за овогодишен успех на Samsung.