Самсунг идниот месец ќе го претстави Galaxy S9!

Самсунг идниот месец ќе го претстави Galaxy S9!

Јужнокорејскиот гигант Самсунг потврди дека идниот месец на Mobile World Congres саемот во Барселона ќе ги претстави Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus.

Ди Џеј Кох на саемот CES во Лас Вегас потврди дека „деветката“ пристигнува веќе идниот месец. Тој не откри на кој датум ќе биде претставен најновиот телефон на јужнокорејската компанија, но сепак, познато е дека саемот во Барселона ќе трае од 26-ти февруари до 1-ви март.

Новите Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus се наследници на „осмицата“ – телефони кои што беа претставени на специјалниот евент на Самсунг во Њујорк во март минатата година, по што се најдоа во продажба во април.

Спецификациите на Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus се уште не се познати, а според многумина, купувачите не треба да очекуваат радикални промени во однос на Galaxy S8 и Galaxy S8 Plus кога е во прашање надворешниот изглед.

Според гласините, ќе биде преместен сензорот за отпечатоци на прсти, но за жал тој нема да се најде под екранот како што многумина очекуваа, туку ќе се најде веднаш под камерата. Речиси сигурно е дека Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus ќе пристигнат со најновата генерација на процесорот Snapdragon 845 на Qualcomm кој ќе биде најмоќен на пазарот.

После претставувањето во Барселона, најмоќните телефони на јужнокорејски Самсунг се очекува да се најдат во продажните салони веќе во март, а цените засега не се познати.

Покрај тоа, Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus не се единствените телефони кои што корисниците можат да ги очекуваат од Самсунг оваа година. Кох откри дека јужнокорејската компанија оваа година планира да го претстави и првиот телефон кој ќе има флексибилен екран на склопување