Samsung го тестира Galaxy Note 8?

Samsung го тестира Galaxy Note 8?

Сајтот Galaxy Club пренесува дека новиот флегшип на Samsung, долгоочекуваниот Galaxy Note 8, моментално се тестира пред официјалното претставување во септември.

Galaxy Note 8 се тестира со верзијата Android Nougat, место бета верзијата Android 8. Тоа би можело да значи дека уредот ќе биде претставен порано од што се очекува – можеби и во август оваа година.

Како Galaxy S8 и S8 plus, така и Note 8 би требало да е со инфинити екран, дуална камера, snapdragon 835 или exynos 8895 процесор.