Само Ријана може да изгледа кул во широка облека

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 25.03.2017 - 19:32

Видовме дека Ријана обожава широки работи. И секој пат би помислиле дека без оглед на тоа што ќе го облече, таа изгледа толку кул.

И овој пат слободно може да се каже дека претерала, но целата комбинација делува некако убаво. Огромна јакна, под неа уште една тексас јакна и бел топ, прешироки фармерки, торбичка на Диор, марама преку капата и зелени патики на платформа од нејзината најнова колекција Пума. Премногу од тоа, што на секој би му делувало смешно.

Но затоа Рири е единствената на светот која што овој куп на облека може да го изведе да и стои прекрасно.

Како на вас ви се чини Ријана во ова издание?