Сакис Рувас се венча со својата долгогодишна девојка

Сакис Рувас се венча со својата долгогодишна девојка

После 14 години заеднички живот со манекенката Катија Зуголи, со која има 4 деца, грчкиот пејач Сакис Рувас конечно се ожени.

Како пишуваат медиумите, парот се венча во присуство на своите деца, многубројната фамилија и пријателите. Свечената церемонија е одржана во црква. Сакис прв стигнал со децата, а потоа дошла и преубавата невеста.

My man @sakisrouvas 👰🤵🏻💍❤️ #SakisKatia #MiaZoiMazi

A post shared by Katia Zygouli (@katiazygouli) on

По традиција до олтар ја однел нејзиниот татко, а венчавката е одржана на нејзиниот 39 роденден.

Среќниот пар фотографиите ги објави на социјалната мрежа Инстаграм. Парот има 4 деца, две момчиња и две девојчиња.

❤️ #SakisKatia #MiaZoiMazi

A post shared by Sakis Rouvas (@sakisrouvas) on