Сакам да ме глуми Џони Деп[03.02.2012 - 15:08 часот]
|
Сер Дејвид Џејсон не е воодушевен од идејата за снимањето на американските "Сплетки", но ако тоа се случи, би сакал да го види Џони Деп во улогата на Делбој.
"Делбој" во интервјуто за "BBC" открива дека американскиот римејк на култната серија нема да постигне успех, бидејќи е невозможно да се "преведе" британската смисла за хумор.

"Јазикот ќе биде изменет, самата приказна ќе претрпи измени... Серијата е толку британска со целиот хумор, што би требало да се запрашате.
Дури и на Британците им беше потребно време да ги "сфатат" сите финти и да ги запаметат фразите.
Немам претстава кој американски збор е еквивалентен на "тупаџија"", изјави Џејсон за "BBC".
"Со американизацијата ќе биде уништен концептот на серијата", додава Џејсон и открива дека иако не е воодушевен од идејата, според него улогата на Делбој "најдобро би му легнала" на Џони Деп.
"Продуцентите на серијата нема да го добијат бидејќи тој е преголема ѕвезда, но би го предложил Џони Деп за улогата на Делбој бидејќи е одличен глумец".
На адаптацијата на серијата "Сплетки" за телевизијата "ABC" работат Стивен Крег и Брајан Бредли.
| [назад] |















