Safe House е најгледаниот филм[20.02.2012 - 13:03 часот]
|
Филмот "Safe House" во кој главната улога ја игра Дензел Вашингтон, заработи најмногу пари во американските кина изминатиот викенд.
Мртва трка се водеше помеѓу акциониот трилер и љубовната приказна "The Vow", која на крајот првото место сепак му го отстапи на остварувањето со потпис на режисерот Даниел Еспинос.

Приказната го следи младиот агент на ЦИА на важна задача.
Тој е задолжен за сигурната куќа (Safe House), и мисли дека тоа не е возбудлива задача се додека неговиот штитеник не станува еден од најбараните криминалци, бивши полицаец, по што куќата станува мета на напад и станува многу напнато и опасно место.
Минатонеледниот победник "The Vow", оваа недела падна на второто место, додека по него се најде "Ghost Rider: Spirit of Vengeance".
| [назад] |















