Сафари одморалиште во склад со природата

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 08.11.2016 - 16:34

Ова еколошко сафари одморалиште лоцирано во Боцвана е произлезено од соработката меѓу архитектите Мичаелис Бојд и Ник Плуман, а го носи името "Sandibe Okavango".

Изградено во Окаванго Делта, одморалиштето им нуди уникатна можност на гостите да уживаат во природата и да ги гледаат животните во нивната природна средина.

Луксузното одморалиште располага со 12 гостински апартмани, а е направено со цел да ги привлече туристите во овој регион.

Оттргнувајќи се од традиционалните темни и мрачни дизајни на традиционалните сафари одморалишта, "Sandibe Okavango" нуди дизајн кој е фокусиран на природните материјали, а енергијата ја црпи од соларната фарма изградена во негова близина.

Дизајнот всушност е инспириран од панголинот, животно кое е во високо ризична група на загрозени животни, а кое живее во Африка и Азија.