Сѐ што знаеме досега за новата колекција на Канје Вест!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 18:58

Канје Вест ја претстави својата нова колекција, "Yeezy Season 5", во рамките на Модната недела во Њујорк. А, како што очекувавте, од она што го знаеме за шоуто, тоа претставувало само по себе спектакл.

Најпрво, гостите добиле покани заедно со блузон од колекцијата на Канје, а при самото влегување во салата биле предупредени дека не смеат да користат мобилни телефони, фотоапарати или да објавуваат нешто на социјалните мрежи.

За среќа, неговата сопруга Ким Кардашијан не ги почитуваше овие правила, па преку нејзиниот профил на Снепчет фановите можеа да ѕирнат дел од шоуто.

Па така, дознавме дека Ана Винтур повторно била во првиот ред на шоуто, како и сите пати досега кога Канје претставуваше нова колекција, а седела веднаш до неговата сопрга Ким.

Исто така, на шоуто од другите славни личности присуствуваа и Хајли Болдвин и Лала Ентони, кои и покрај забраната објавија заедничка фотка на Твитер.

Една од работите која привлече најмногу внимание на шоуто, беше и манекенката Халима Аден, која на пистата излезе во бурка.

Од новите парчиња можевме да ги видиме новите патики во соработка со спортскиот бренд "Adidas", како и неколку парчиња облека од видеата објавени на социјалните мрежи.

Самиот Канје не се појавил на пистата на крајот од ревијата, но Ким се погрижи на Снепчет да објави неколку фотки од случувањата зад сцената.