Руска фотографка совршено ја доловува зимската магија на Москва

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.12.2016 - 15:56

Руската фотографка Кристина Макеева сакала на светот да му ја прикаже зимската магија која владее во главниот град на Русија пред новогодишните празници.

А, кога ќе ги погледнете нејзините фотографии ќе сфатите зошто зимата е совршено време за да ја посетите Москва.

"Кога луѓето ќе ме прашаат кое е најдобро време да ја посетат Москва, секогаш им кажувам дека тоа е зимата. Во Москва зимите се ладни, но ова годишно време е најубаво тука", вели фотографката за "Bored Panda".

Во овој руски град скоро секогаш паѓа снег пред новогодишните празници, а илјадниците сијалички кои светат во текот на ноќта ја прават атмосферата во овој град навистина волшебна.

Уживајте во овие преубави фотографии кои ќе ви ја доловат зимската руска бајка...