Русите пронајдоа лек за рак

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 05.03.2017 - 19:34

Руски научници тврдат дека, во соработка со европски колеги, откриле начин истовремено да дијагностицираат и лечат рак, а новиот метод подразбира користење наночестички од силициум за откривање и уништување на клетките на ракот со помош на ултразвук.

Притоа, лекувањето со новиот метод не би им штетело на здравите клетки, пренесува Спутник.

„Откривме „поблаг“ режим на тераписко дејство на клетките на ракот, кој не предизвикува масовно уништување на клетките, но  по сѐ изгледа, доаѓа до уништување на главно внатреклеточните органели со наночестички“, вели Андреј Свиридов од московскиот државен универзитет Ломоносов.

Тој истакнува дека овој метод доведува до посилно терапевтско дејство. Физичари, хемичари, биолози, па и нанотехнолози во последните години почнаа да работат на создавање нови методи за извршување хируршки операции и терапии, кои се изведуваат без потворање на телото и нанесување повреди на ткивата и органите.

Експертите, на пример, развиваат честички кои се внесуваат во туморот, а потоа се загреваат со помош на ласер, што го уништува ракот, а не им штети на здравите клетки, додека слично делува и генетската терапија и специјалните лекови кои го спречуваат растот на крвните садови и туморите и со тоа ги „задушуваат“ клетките на ракот.

Свиридов и неговите колеги, кои работат под раководство на професорот Виктор Тимошенко, сега создале специјални наночестички од силициум, обложени со специјален состав на полимери, кои истовремено се користат и за изучување и за „убивање“ на ракот, со помош на ултразвук.

Главниот проблем со ваквите методи во лекувањето на ракот, според начуниците, досега било тоа што ултразвукот и наночестичките кои ги апсорбира често делуваат неселективно и ги уништуваат не само туморите туку и здравите клетки.

Покрај ова, таквите наночестички и брзо се раствораат во организамот, не дозволувајќи им на научниците да ги изучат поради нивната краткотрајност у токсичност.

Руските научници од Ломоносов сега наводно го решиле тој проблем, со тоа што наночестичките од порозан силициум ги обложиле со слој од декстран, биополимер од молекули на глукозата.

Таквите честички, покрај тоа што побавно се разложуваат, светат кога ќе се означат со ултравиолетови зраци, што овозможува ткивата понатаму да се изучуваат.

Експериментите направени врз култури не клетки на рак во човечки душник покажале дека „чистиот“ ултразвук не делува на лкетките на ракот, додека во комбинација со наночестичките внимателно ги „убива“.

Покрај ова, наночестичките може да се користат и за достава на лекови и други молекули во здрави клетки или клетки на рак, тврдат научниците.