(ВИДЕО) Русин заедно со своите пријателки – стриптизети им одржа лекција на банкарките како треба да се однесуваат

(ВИДЕО) Русин заедно со своите пријателки – стриптизети им одржа лекција на банкарките како треба да се однесуваат

Секој различно реагира кога е под стрес и нервозен,а честитите незадоволни клиенти во банка знаат да изреагираат и бурно, но овој Русин тоа го направи на прилично необичен начин.

Настанот се случил во Москва, кога маж во придружба на две стриптизети упадна во филијална на „Сбербанка“, која е најголема во Русија, и на тој начин им покажа на вработените како треба да се однесуваат со клиентите, односно да не бидат „ладни и непријателски настроени“.

Неговите „пријателки“ најпрофесионално ја сработија својата задача, додека вработените само стоеја стаписани.

Се огласи и претставникот на банката, Олег Власов.

– Инцидентот се случи во една од нашите филијали во Москва. Ова хулиганство е пријавено в полиција, а според нашиот закон за заштита на приватноста, не смееме да даваме повеќе информации за клиентот, неговата работа и сметките – нагласи Власов.