Роверот на Audi ќе патува на Месечината во 2017 година

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 05.12.2016 - 02:37

Роверот на Audi, наречен Lunar Quattro, ќе биде лансиран на Месечината кон крајот на 2017 година. Станува збор за проект кој компанијата Audi го разви со помош на "Part-Time Scientists", чија цел е кон крајот на идната година да испрати два ровери на нашиот природен сателит.

На развојот на овој ровер работеле 16 експерти од Audi, а тежок е само 30 килограми. Тоа значи дека е полесен од оригиналниот пример за 8 килограми.

Работи на E-tron батеријата на Audi, а компанијата не ја откри неговата сила, како ни далечината која може да ја пропатува.

Целта на Audi е да ги тестира своите компоненти во најекстремни услови, но и да ја освои наградата на Googlе од 30 милиони долари.

Наградата Google Lunar XPRIZE ќе заврши во рацете на тимот кој прв ќе испрати приватно финансиран ровер на Месечината, таму да помине далечина од 500 метри и да испрати фотографија на Земјата, што не е лесна задача за вака мала машина.