Роналдо очекува близнаци

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 13.03.2017 - 23:38

Како што таблоидите не информираат познатата португалска ѕвезда, фудбалерот Кристијано Роналдо, веќе извесно време се забавува со шпанската манекенка Џорџина Родригез, па кога одекна веста дека очекува близнаци, сите помислија на неа.

 Сепак, таблоидот Sun пренесува дека повторно станува збор за сурогат мајка, која треба да се породи деновиве.

-Кристијано и неговото семејство со нетрпение чекаат да ги запознаат новите членови на кланот. Тој сака да ја зачува приватноста, но им кажал на своите најмили и блиски пријатели дека момчињата ќе престигнат наскоро, открива анонимен извор за таблоидот. Идентитетот на сурогат мајката и понатаму останува непознат,исто како што останува мистеријата поврзана со мајката на малиот Роналдо Јуниор.