Роналдо е најдобар асистент во историјата на ЛШ!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.02.2017 - 12:07

Кристијано Роналдо секојдневно се кити со по уште некоја ласкава титула, а овој пат стана сопственик на уште еден рекорд, откако го поина поранешниот соиграч и легендарниот играч на Манчерстер Јунајтед, Рајан Гигс по бројот на асистенции во Лигата на шампионите.

Напаѓачот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите нема постигнато гол 523 минути, но за време на својот прв натпревар од осминафиналето ја запиша својата петта асистенција во ова натпреварување сезонава.

Токму со таа асистенција го сруши рекордот на Гигс и стана најдобар асистент во историјата на Лигата на шампионите со 31 асистенција.

Неговиот најголем ривал, Лионел Меси, се наоѓа на третото место со 24 асистенции, додека Месут Озил и Златан Ибрахимовиќ имаат по 22 асистенции.

Роналдо е и најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите, а во 134 одиграни натпревари има постигнато 95 голови.