Романтичен апартман во француски стил во престолнината на џезот

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.12.2016 - 16:00

Овој апартман, сместен во престолнината на џез музиката Њу Орлеанс, е дизајниран од страна на Лиен Ухалт.

Во него се сретнуваат раскошноста на парискиот стил и боемскиот начин на живот од Италија, а забавата тука никогаш не престанува.

Во дневната соба доминира огромна слика од Венеција, инспирирана од боите кои се употребени за внатрешното уредување, а тука се и француските детали во форма на врамени огледала и железни масички за кафе.

Низ поткровјето може да се забележат и раскошни лустери кои прават апартманот да изгледа уште погламурозно, а францускиот мебел совршено се вклопува во целосниот изглед.