Ролс Ројс го најави новиот Фантом!

Ролс Ројс го најави новиот Фантом!

Ролс Ројс ја објави првата службена фотографија во пресрет на претставувањето на новиот Фантом кој својата премиера ќе ја има за десетина дена во британската престолнина Лондон.

Кога ќе се направи споредба со новиот храбар чекор кој што Ролс Ројс го прави со својот прв SUV автомобил, кога станува збор за Фантом, Ролс Ројс може да се каже дека „игра на сигурно“.

Секако, оваа компанија воопшто нема да ризикува и да прави некои посебни измени во каросеријата, но овој пат јасно се истакнуваат помалку „затегнатите“ светла кои што ги красат правоаголни ЛЕД светла.

Тизер фотографијата не открива премногу, иако видливи се некои „скромни“ измени во прикажаниот преден дел од автомобилот. Сепак, во меѓувреме се појавија фотографии кои најверојатно се направени од брошура која што наводно била испратена во седиштето на компанијата во Кина.

Колку има вистина во овие фотографии ќе дознаеме за неколку дена, а во меѓувреме вреди да се истакне дека се појавија и првите информации околу моторот на оваа луксузна лимузина – се очекува новиот Фантом да го задржи 6,75-литарскиот V12 турбо мотор, а повеќе детали пристигнуваат наскоро.