Роденденска забава на Диор во Париз

Роденденска забава на Диор во Париз

Својот 70ти роденден, модната куќа основана од францускиот креатор Кристијан Диор го прослави со колекција на висока мода и голема ретроспекртивна изложба во Париз.

Прикажана во стартот на Париската недела на висока мода, ова е втора haute couture колекција на креативната директорка Марија Грација Кјури, a за јубилејот подготви креации со кои се враќа на корените и на елеганцијата на модната куќа. Истовремено нè прошета низ светот со креации инспирирани од истражувачите, нивните патувања и старите мапи. Покрај фокусот на модните светски патници, Кјури претстави модели кои реферираат на суфрежетките, прерискиот стил и на златното доба на Холивуд. Доминираат сивите тонови, силуета која потсетува на new look стилот што Кристијан Диор го воведе во 1947 година, тоалети од тул во беж и златна боја, волнени пелерини, долги здолништа, микс на груби палта со лелеави модели, богати везови и цветен дезен.

2

На ревијата присутни бројни ѕвезди: Натали Портман, Кристен Данст, Џенифер Лоренс

Ревијата на „Диор“ ја следеја бројни ѕвезди, актерките Натали Портман, Џенифер Лоренс и Кристен Данст, познати ликови од модната сцена, како и актуелната прва дама на Франција, Брижит Макрон. Голем број од ѕвездите потоа ја посетија изложбата „Кристијан Диор: дизајнер на соништа“, во музејот Les Arts Decoratifs, најграндиозна и најобемна изложба посветена на Диор некогаш поставена во Париз. Поставката ја заокружува историјата на модната куќа преку креации на основачот Кристијан Диор, но и на Џанфранко Фере и Џон Галијано креирани за за куќата.

dior-1-1024x645

Дел од атмосферата на изложбата за Кристијан Диор

4

5

5a

Оливија Палермо, Селин Дион и Брижит Макрон

6