Робињо осуден на 9 години затвор

Робињо осуден на 9 години затвор

Италијанскиот суд денес го осуди фудбалерот Робињо на девет години затвор за учество во силување на албанка во 2013 година.

Судот во Милано пресуди дека Робињо и уште 5 други бразилци ја нападнале жената, која што тогаш имала 22 години, откако претходно ја напиле во дискотека.

Судењето за останатите пет лица е на чекање, бидејќи не е позната нивната локација.

Робињо, кој што во моментов игра за Атлетико Минеиро во Бразил се изјасни како невин преку неговиот адвокат, но не се појави на ниту едно судење во Италија.

Робињо има право на две жалби, а Италија ќе бара екстрадиција само откако овие можности се исцрпени. Сепак, Бразил не дозволува екстрадиција на нивни државјани, па Робињо би стравувал од апсење само доколку е запрен во трета земја.

Бразилецот има 100 настапи за репрезентацијата и постигнати 28 голови.