Роберто Манчини е најсериозен кандидат за тренерското место во Милан

Роберто Манчини е најсериозен кандидат за тренерското место во Милан

Манчини е најсериозен кандидат за тренерското место во Милан, на кое во моментов се наоѓа Џенаро Гатузо кој под силен притисок, откако не успеа да го препороди тимот по неговото доаѓање пред еден месец.

Како што тврдат медиумите, Манчини веќе остварил средба со челниците на Милан.

53-годишниот италијански стручњак има актуелен договор со Зенит до јуни 2020 година. Неговата годишна плата е осум милиони евра. Досега во 31 натпревари под негово раководство рускиот гигант има 17 победи, 8 реми и 6 порази, а по 20 круга во првенството на Русија е на втората позиција со 37 поени, заостанувајќи зад лидерот Локомотив (Москва) со осум бода.

Манчини чувствува носталгија кон италијанскиот фудбал и со задоволство би се вратил во Серија А – известуваат медиумите

Тој во својата држава како тренер работеше во Фиорентина, Лацио и Интер.