Ријана за прв пат во филм

[21.02.2012 - 20:43 часот]

Пејачката Ријана наскоро би можела да стане и филмска ѕвезда, бидејќи според пишувањата на американските медиуми, убавицата од Барбадос го сними својот прв филм, научно-фантастичната акција "Battleship".

Медиумите пишуваат дека пејачката во филмот глуми лик на поморски офицер по име Рајкс.

Ријана во филмот има опасна задача, а тоа е да се спротистави на вонземјаните кои долго време се скриваат на дното на океанот.

Покрај Ријана, во филмот играат и Лијам Нисон, Александер Скарсгард, Бруклин Декер и Тејлот Кич.

На пејачката и се допадна глумењето, па изгледа дека ова нема да биде нејзиниот последен филм.

"Моментално ми се допаѓа снимањето на филмови.

Тоа е нешто што би сакала почесто да го работам", изјави Ријана, но дали воопшто има телент за глума ќе видиме кога филмот ќе пристигне во кината, а тоа најверојатно ќе биде оваа година во мај. 

Ако му веруваме на режисерот Питер Берг, Ријана била одлична и добро се снашла пред филмските камери.

[назад]
Радио МОФ