Ријана провоцира во тесен кожен фустан на концертот на Џеј-Зи!

Ријана провоцира во тесен кожен фустан на концертот на Џеј-Зи!

Пејачката од Барбадос се појави во своето најсекси издание досега и тоа на концертот на својот ментор – Џеј-Зи.

Славниот рапер одржал концерт во Лос Анџелес, а за таа прилика Ријана облекла црн кожен фустан кој наликувал на корсет и кој во прв план го ставaл нејзиното длабоко деколте.

Изгледот го надополнила со кожен мантил во иста боја и со црни сандали на Џузепе Заноти.

Иако во последно време се појавија гласини дека Ријана се свршила со своето момче, милијардерот Хасан Џамил, некое време се зборуваше дека таа и Џеј-Зи се повеќе од соработници, токму како што беше и случајот со Рита Ора, која стана славна благодарение на сопругот на славната пејачка Бијонсе.

Наводно, Бијонсе имала големи проблеми со таквите гласини, но работите набрзо стивнаа.