Ријана постави нов тренд на пуфлести маски за телефон

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.04.2017 - 19:48

Ријана години наназад стекна статус, не само една од најголемите музички ѕвезди туку и модна икона.

Сепак, одкако вчера се појави на отварањето на продавницата на брендот Fenty x Puma, во Лос Анџелес, на сите им западна во око необичната маска за телефон која ја носеше пејачката.

Иако на почеток изгледаше дека се работи за привезок, кога пејачката направи селфи, на фановите им стана јасно дека станува збор за пуфкаста маска за телефон. Во рок од неколку часа таа маска стана вистински хит.

Дали вие би го "облекле" телефонот во вакво нешто?