Ријана го прошета вереничкиот прстен?

Ријана го прошета вереничкиот прстен?

Ријана вчера се појави во Њујорк во една необична комбинација, но тоа што на сите им привлече внимание беше дијамантскиот прстен на раката.

Нејзиниот шарен капут падна во втор план, бидејќи најголемо внимание привлече прстенот за кој многу веруваат дека го добила од саудскиот бизнисмен Хасан.

Парот кој е во врска од минатото лето, ниту ги демантираше ниту ги потврди овие приказни.

Тие во јавноста не се појавуваат заедно, што за пејачката е многу чудно, бидејќи таа своите момчиња ги експонира во јавноста.

Но како и да е, некои од нивните заеднички фотографии излегоја во таблоидите.