Ричард Бренсон тврди дека за шест месеци ќе лета во вселената

Ричард Бренсон тврди дека за шест месеци ќе лета во вселената
Сер Ричард Бренсон вели дека следната година ќе лета во вселената, 13 години откако вселенското летало „Space Ship Two“ од компанијата Virgin Galactic се урна за време на тест-летот.

„Се надеваме дека сме само три месеци од нашиот лет до вселената, а можеби и само шест месеци од мојот лет до вселената”, рече Бренсон минатата недела во Хелсинки.

Тој, во интервју за британскиот Телеграф во април оваа година, рече дека првите клиенти на овој комерцијален лет ќе можат да летаат до крајот на 2018 година.

За „само” 250.000 долари по човек, што би можело да се сфати како разумна цена, земајќи ги предвид сите барања на таквото патување, неколку стотици луѓе чии имиња се на листа на чекање од 2016 година, ќе можат да влезат во вселенска авантура .

„Virgin galactic” тврди дека има повеќе луѓе кои сакаат да патуваат во вселената отколку што веќе беа таму. Среќните што можат да си го дозволат овој екстравагантен туризам ќе имаат можност да летаат три пати повеќе од брзината на звукот.

Размислувајќи за проектот „Спајс Икс” Илона Маска и неговата цел да воспостави населба на Марс до 2020 година, Ричард Бренсон рече:

„Одење на Марс е неверојатен предизвик, и претпоставувам дека Илон ќе биде првиот што ќе пристигне таму, тој е позаинтересиран за големи ракети кои одат многу подалеку. Мојата љубов кон универзумот значи колку можам да направам за луѓето овде на Земјата”.