Ретки фотографии од племе кое немало контакт со цивилизацијата!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 28.12.2016 - 14:21

Хеликоптерот на бразилскиот фотограф Рикардо Стукерт бил оттргнат од неговата рута поради силната бура, но токму ова скршнување довело до неверојатно откритие!

Рикардо го открил и успеал да направи неколку фотографии од племе кое живее скриено во бразилската прашума, а никогаш немало контакт со остатокот од цивилизацијата!

Фотографиите се сликани во близина на границата со Перу, во регион кој е заштитен од продорот на индустријата. Сепак, вистинско чудо е како овие луѓе толку време живееле незабележано, а нивната мала заедница никогаш не контактирала со современ човек или машина. Човекот кој изгледа дека е водач на племето, дури и почнал да фрла со копја накај хеликоптерот.

Експертите тврдат дека ова е истото племе кое доби глобално внимание во 2008 година, кога на сличен начин беа пронајдени вакви луѓе, а и тогаш тие преплашено фрлаа со стрели и копја кон хеликоптерот. Се верува дека племето мигрира на секои 4 години, па затоа успеале да живеат сосема изолиран живот од цивилизацијата!

Фотографот Стукерт оваа неочекувана средба ја опишува како "полна со силни емоции", и навистина, замислете да сретнете луѓе кои и денес живеат како пред 20.000 години!