Ресторан во Кина: Колку поголеми гради, толку поголем попуст

Ресторан во Кина: Колку поголеми гради, толку поголем попуст

Одиме во Кина со оваа вест. Кинескиот ресторан Trendy Shrimp нудел попуст на муштериките во зависност од бројот на нивниот градник, ем полн ресторан, ем големи гради насекаде.

Од БиБиСи пренесоа дека ресторан во кинеската провинција Џецанг рекламирал попуст за девојките и тоа колку поголеми гради имале, толку поголем ќе бил попустот. Јавноста овој потег на ресторанот го оценила како вулгарен и дискриминирачи кон жените. Рекламите се појавиле на 1 август и подоцна биле отстранети. Сепак, менаџер на ресторанот го бранел нивниот начин на рекламирање, велејќи дека откако почнала промоцијата, бројот на муштерии се зголемил за 20 отсто, додавајќи дека „некои од девојките што дојдоа беа многу горди, немаа што да кријат“.