Рено во 2018та доаѓа со нов болид!

Рено во 2018та доаѓа со нов болид!

Од тимот на Рено велат дека работат на целосно нов болид за 2018 година, иако сега за сега постои само релативна стабилност во техничката регулатива.

Покрај воведувањето на кокпит со хало за следната сезона, постојат само минимални промени во правилата за аеродинамиката по големите промени во 2017 година. Но како што Рено се обидува да го забрза својот напредок кон врвот на гридот, екипата планира целосно да ги искористи промените за наредните години.

Работата на болидот за 2018 година веќе е започната одамна, а тимот планира да ги искористи тренинг сесиите во Бразил како анализа на плановите за 2018 година.

„Имам одличен напредок во Енстон и таму е нашиот фокус. Тоа е целосно нов болид, иако има само минимални промени во правилата. Научивме многу од аеродинамичкиот пакет и од балансот на болидот за 2017 година, така што болидот треба да биде силен чекор напред.

Ќе тестираме некои аеро пакети во Бразил, со повеќе различни елементи со цел да се подготвивме за болидот во 2018 година“, вели Ник Честер од Рено.

Агрегатите на Рено имаа проблеми со издржливоста минатиот викенд во Мексико, во која што трка, Нико Хулкенберг, Даниел Рикардо и Брендон Хартли не успеаја да ја завршат трката. Сирил Абитебол смета дека јасна е целта да се надминат скорешните проблеми

Мексиканското Гранд При беше особено тешко со голема листа на неприфатливи механички проблеми и имаме силна желба да превземеме тешки и силни проблеми. Карактеристиките на патеката ги истакнаа нашите проблеми, но успеавме да најдеме баланс помеѓу перфомансите и издржливоста.

„Перформансите на нашиот агрегат напреднаа многу годинава. Мораме да најдеме издржливост, поради нас и нашите муштерии, иако Макс Верстапне победи на трката.

Тимот е решителен и убеден, што е најважно за натамошен развој до крајот на сеозната. но и за нашите перформанси. за 2018 година. Ги имаме потребните ресурси, нашата организајта е стабилна и комплетна“, додаде Абитебол.