Редок Maserati Ghibli Spyder продаден за 920.000 долари

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 24.01.2017 - 16:07

Реткиот модел Maserati Ghibli Spyder, е само еден од 25-те автомобили кои поседуваат 4,9-литарски V8 мотор, а неодамна беше продаден на аукција за неверојатни 920.000 долари.

Целосно реставрираниот автомобил се најде на продажба на аукција која беше одржана на Флорида, а овој модел произведен во 1969 година постигна рекордна вредност.

Инаку, Maserati има продадено само 125 примероци од моделот Ghibli Spyder, но само 25 од нив го имаат 4,9-литарскиот мотор, додека другите се движат на 4,7-литарски V8 мотор.

Автомобилот поседува 5-степен мануелен менувач и мотор кој развива 330 КС. Тука се и хромираните Borrani тркала, како и диск кочниците.

Со цената од 920.000 долари овој автомобил се најде на врвот на листата на најскапо продадени ретро модели, а зад него следуваат Chevrolet Corvette Convertible од 1967 година (775.000 долари), Porsche Carrera GT од 2005 година (625.000 долари), Chevrolet Impala Z11 ‘Old Reliable IV’ од 1963 година (525.000 долари) и Chevrolet Corvette Big Brake Airbox од 1957 година (450.000 долари).