Реал со сензационална понуда за Кејн

Реал со сензационална понуда за Кејн

Флорентино Перез во обидот да го донесе Хари Кејн на Сантијаго Бернабеу подготвува несекојдневна понуда за премиерлигашот Тотенхем, објавија англиските медиуми.

Перез е подготвен во Лондон да ги прати Герет Бејл, Лука Модриќ и Карим Бензема, за во својот тим да го добие Кејн.

Англискиот репрезентативец е во одлична форма и со своите игри го импресионира првиот човек на кралскиот клуб.

Доколку не успее оваа трампа на Перез му останува другата опција, а тоа е да ја плати откупната клаузула која чини 200 милиони евра.

Реал сака со ангажирањето на 24-годишниот Кејн на подолг рок да се обезбеди со врвен голгетер.