Реал Мадрид ќе може да купува играчи веќе од идното лето

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.12.2016 - 19:39

Судот за спортска арбитража во Лозано ја усвои жалбата на шпанскиот клуб Реал Мадрид и ја намали нивната казна која ја одреди ФИФА.

Имено, ФИФА донесе забрана за купување на нови играчи на Кралевите до зимата 2017 година, но по одлуката на судот Реал ќе може да доведе нови играчи во своите редови веќе идното лето.

Исто така, кралскиот клуб од Мадрид наместо 300.000 ќе мора да плати казна во износ од "само" 200.000 евра.

"Со ова е потврдена неправдата која ни беше нанесена при првата казна од ФИФА, а клубот жали поради фактот што судот немаше доволно храброст да ја укине казната во целост", стои во соопштението.

Само за потсетување, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид беа казнети од Дисциплинскиот комитет на ФИФА поради кршење на правилата поврзани со трансферите на играчите помлади од 18 години.

Од редовите на Атлетико се надеваат дека арбитражниот спортски суд ќе постапи идентично и кон нив.