Реакцијата на Ема Стоун за бакнежот меѓу Рејнолдс и Гарфилд

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.01.2017 - 03:10

Еден од најголемите моменти кои се случија на доделувањето на наградите "Златен глобус" беше бакнежот меѓу актерот Рајан Рејнолдс и бившиот дечко на Ема Стоун, Ендру Гарфилд.

Нормално, во моментот кога наградата му припадна на нејзиниот партнер од филмот "La La Land", Рајан Гослинг, Ема беше фокусирана на него, па воопшто не го забележа овој момент.

Без разлика дали со бакнежот Рајан Рејнолдс, кој исто така беше номиниран за најдобар актер во комедија или мјузикл, сакаше да се утеши, тој предизвика насмевка кај гледачите.

Подоцна во ноќта, кога актерката беше интервјуирана од страна на "ET" и беше покажан моментот на бакнежот, а нејзината реакција беше бесценета...

#EmmaStone couldn't believe #AndrewGarfield & #RyanReynolds locked lips during #RyanGosling's acceptance speech. #GoldenGlobes

A video posted by Entertainment Tonight (@entertainmenttonight) on Jan 8, 2017 at 9:03pm PST