Разубавете ја вашата празнична трпеза со триаголници од јаболка!

Разубавете ја вашата празнична трпеза со триаголници од јаболка!

Лиснатите триаголници со јаболка се идеален десерт за сите оние ситуации кога сакате да приготвите нешто брзо, а вкусно.

Потребни состојки:

  • 500 гр. лиснато тесто
  • 4 јаболка излупени и исечкани на коцки
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка мелен ѓумбир
  • 2 лажици путер
  • 4 лажици шеќер
  • 8 лажици џем од кајсии

Начин на подготовка:

Јаболката испржете ги на путер. Додадете ги шеќерот, циметот и мелениот ѓумбир.  Мешајте константно и гответе околу 10-тина минути.

Расукајте го лиснатото тесто и пресечете 8 еднакви коцки. Секоја коцка на едната страна премачкајте ја со џем од кајсии и ставете од изладениот фил. Со помош на дланките притиснете го едниот крај за да оформите триаголник. Постапката повторете ја и со другите парчиња лиснато тесто и преостанатиот фил.

Премачкајте ги со жолчка и шеќер. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 20-тина минути.