Расте пазарот со паметни звучници, следни се Самсунг со нови изуми!

Расте пазарот со паметни звучници, следни се Самсунг со нови изуми!

По Google, Amazon и Apple кои веќе претставија звучници со интегрирани паметни асистенти, наскоро на пазарот ќе се појави и звучик со имплементиран гласовен асистент Кортана на Мајкрософт.

Според гласините кои што започнаа да кружат овие денови, наводно и Самсунг планира да влезе на овој пазар со сопствен звучник. Јужнокорејците неодамна го претставија гласовниот асистент Bixby кој што е имплементиран во последните паметни телефони на оваа компанија.

Самсунг планира наскоро да го претстави звучникот Vega, а аналитичарите тврдат дека иако оваа компанија влегува на пазар со силна конкуренција, голема предност на Самсунг е тоа што има огромен број на корисници на нивните паметни телефони.

Иако овој пазар и натаму е во почетна развојна фаза, паметните звучници заедно со имплементираните гласовни асистенти во иднина ќе се најдат во голем број на домаќинства.

Можеме да очекуваме дека гласовните асистенти за некоја година ќе станат главен начин за интеракција со останатите уреди. Тие ќе не известуваат за временската прогноза, температурата, пораките и известувањата од социјалните мрежи и целосно ќе ги заменат далечинските управувачи.

Со овие уреди ќе можеме да управуваме и со другите уреди во домаќинството – палење и гасење на светло, пристап до надзорните камери, подесување на термостатите, отворање на вратата од гаражата и слично.

На овој пазар може да се каже дека моментално доминира Амазон со својот паметен звучник Echo, но сепак пазарот „опасно го напаѓаат“ уредите на Google и Apple, за конкуренцијата да стане огромна кога на пазарот ќе се појави и Самсунг.