Раскошните облини на Брук[04.02.2012 - 13:00 часот]
|
Британската манекенка и глумица Кели Брук моментално се одмора во Бразил со нејзината братучетка, но овој пат таа не ги покажа нејзините облини во еден од костимите за капење кои сама ги дизајнира.
Пред снимањето на акциониот филм "Heavy Metal" британската манекенка отпатува во Бразил на одмор со Сели Грифитс и, иако таа сама дизајнира костими за капење за модната линија "New Look", Кели Брук (32) ги покажа своите магични и женствени облини во сосема поинаков костим за капење.

"Се качивме во авион за Бразил и се упативме кон Амазон. Со оглед на тоа дека и двете сме блондинки се надевам дека ќе успееме да ја пронајдеме прашумата", се пошегувала Кели неодамна на своја сметка на нејзиниот Твитер профил.
Имено, Кели ги "почести" своите обожаватели објавувајќи фотографија на која позира во зелен костим за капење и држи кокосов орев во раката додека во прв план се истакнуваат нејзините бујни гради.
"Време е за појадок. Секој нека го земе својот кокос", напишала Кели на нејзиниот Твитер профил, поради што многу луѓе се запрашаа кој кокос всушност треба да го земат.

Освен тоа, Кели неодамна откри со кои трикови се користи за да остане во форма и да ја зачува нејзината женствена линија.
"Моето мото гласи: секаде движи се пеш, редовно посетувај ги сауните за да се ослободиш од токсините во телото, пиј многу вода и практикувај многу секс бидејќи тоа е најдобрата вежба за кардиоваскуларниот систем", кажала глумицата и додала дека сите девојки треба да ги прифатат своите облини и истите да ги истакнат.

| [назад] |















