Range Rover Velar: Новиот SUV на британската компанија

Извор: Kajgana | Објавено: 06.03.2017 - 21:06

Land Rover реши да ја збогати својата понуда со уште еден SUV модел од Range Rover фамилијата, а станува збор за спортскиот кросовер Velar.


Тој ќе биде позициониран меѓу Range Rovera Evoque и Range Rover Sport, а ќе чини околу 45.000 евра во Британија.

Velar нуди многу простор за патниците и за багажот, а од надворешноста има детали препознатливи од Evoque и Sport. 

Една од новините се двата 10 инчни екрани, еден за инфотејнмент системот, а другиот за контрола на сите останати елементи од автомобилот.

На европскиот пазар во понудата ќе бидат повеќе мотори - со четири и шест цилиндри и со сила од 178 па се до 376 коњски сили.

Тој ќе биде достапен исклучиво со погон на сите четири тркала и ќе го содржи познатиот оф-роуд пакет на Land Rover, а продажбата ќе почне ова лето.