РАМПАРАРАМИЗИРАЊЕ, концерт на СУПЕРХИКС во Скопје!

РАМПАРАРАМИЗИРАЊЕ, концерт на СУПЕРХИКС во Скопје!

РамПаРаРам е стихот кој последнава година најчесто го слушаме.

Во кола, по дома, на ТВ, од фрижидер, во комшии, на пиво, во диско, насекаде… А 15 декември е денот кој ќе му даде боја на секојдневното сивило, 15 декември е денот за РАМПАРАРАМИЗИРАЊЕ и најновото концертно шоу на Вашиот омилен бенд!!! СКОПСКО SMOOTH Ви го најавува најдобриот концерт за крајот на годината во градот убав!!! Superhiks и пријателите ќе ни приредат повеќечасовен музички и визуелен спектакл!!!

Специјални гости, многу ефекти и локална поддршка Vizija!!! Петок 15 декември 2017 ВИП арена Борис Трајковски (мала сала) Старт: 20:30 часот (вратите се отвораат во 19:30) Влезници во претпродажба во ЈУГОТОН (ГТЦ) и online на www.jugoton.com.mk – првите 500 влезници по цена од 400 денари, – потоа 500 денари, – на денот на концертот 600 денари. *Следете ги нашите активности и први дознајте за најновите информации.