Рајско катче во Мексико (фото)[21.02.2012 - 12:39 часот]
|
Куќата Алмаре е дело на архитектонското студио "Elas Rizo Arquitectos" која е лоцирана во Порто Виларта во Мексико и, со своите совршено искомбинирани детали, оваа вила со пет апартмани претставува дом од соништата за сите вљубеници во океанот.
Иако резиденцијата се издигнува на пет нивоа, само едно може да се забележи од улицата, додека остатокот драматично и хармонично се симнуваат на спротивната страна кон океанот.

За изградбата на надворешниот дел на оваа куќа биле користени дрвени панели кои буквално ја затвораат и отвораат резиденцијата кон опкружувачката околина, а отворената тераса е продолжена со раскошен базен каде што сопствениците можат да уживаат во релаксирачко капење со неверојатни погледи.
Сите соби во куќата имаат огромни прозори со поглед кон океанот кои ги претвораат дури и највообичаените активности како јадењето или туширањето во природни спектакли.

Освен прекрасната околина, материјалите како каменот и тропското дрво додаваат топлина и оригиналност на ентериерот на овој инспирирачки и "вкусно" дизајниран модерен дом, правејќи го да изгледа како дел од рајот, изграден на земјата.



















| [назад] |















