Рафа ја соблече Рафаели[15.02.2012 - 12:49 часот]
|
Се прашувате како би изгледал резултатот од соработката на најатрактивниот тенисер на денешницата и една од најпосакуваните жени во светот?! Едноставно, прекрасно и секси!
Откако Рафаел Надал предизвикуваше воздишки во спотот со колумбиската пејачка Шакира, тенисерот го "отстапи" своето мускулесто тело и за потребите на американскиот магазин "Sports Illustrated".
Откако од магазинот се потрудиле да ги задоволат апетитите на женските читатели, уредништвото не ги запоставило и мажите! За таа цел, тие ја ангажирале и прекрасната манекенка Бар Рафаели.

Светскиот рекет број два и израелската манекенка Бар Рафаели позирале заедно за новото издание на спортскиот магазин, посветено на новата колекција на костими за капење за 2012 година.

На одредени фотографии, Рафа срамежливо ја гушка прекрасната Израелка во топлес.
Ова не е прво појавување на Бар Рафаели на страниците од магазинот. Таа и претходно беше дел од сензуалните фотографии со НБА кошаркарот Крис Поло и пливачот Мајкл Фелпс.
| [назад] |















