Радикални промени во Серија А најави новиот лидер на Фудбалската федерација на Италија

Радикални промени во Серија А најави новиот лидер на Фудбалската федерација на Италија

Новиот лидер на Фудбалската федерација на Италија Роберто Фабричини ги најави можните чекори во иднина за подобрување на состојбата во италијанскиот фудбал.

Тој вели дека треба да се намали бројот на играчи надвор од Европската унија, но и да се намали бројот на тимови во Серија А.

– Треба да се обидеме да го намалиме бројот на играчи надвор од ЕУ, не само во фудбалот, туку и во другите спортови. На пример, кошаркарската и одбојкарската федерација се пожалија на истото, бидејќи премногу играчи надвор од ЕУ можат да имаат лошо влијание на развојот на националните тимови. Бројот на тимови во Серија А, исто така, треба да биде намален. Лично мислам дека 20 тимови се премногу. Понекогаш се играат натпревари во февруари и март што немаат никакво резултатско значење – вели Фабричини.